| четврток, 6 декември 2018 |

Дај ми кеса, ќе те задавам!: Хаос во трговските ланци по забраната за пластични кеси

Најголемите трговски ланци во Австралија од денеска се соочени со бесот на потрошувачите, кои се фрустрирани поради трајната забрана на еднократните пластични кеси.

Според локалниот печат, бројни се инцидентите на касите за наплата, каде што, на пример, еден човек почнал да го дави касиерот, затоа што веќе нема кеси за една употреба, а оние трајните се наплаќаат.

Исфрлањето од употреба на кесите за една употреба се дел од националната камппања за намалување на загадувањето.

Од 1 јули во сите австралиски држави, освен во две, е забрането да се користат еднократни пластични кеси.

Повеќе од 8 милиони тони пластика секоја година завршува во океаните, вели програмата на ОН за животна средина.

Организацијата цели кон потполна забрана на користењето на пластичните кеси до 2022 година. Повеќе од 60 држави до сега презедоа мерки за да се забрани или намали потрошувачката на пластика.

 

Извор: Јутарњи лист

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top