| четврток, 6 декември 2018 |

Во Франција се одвиваат две кризи истовремено

Ситуацијата во Франција драматично ескалираше со три кризи, од кои две се уште се одвиваат. Едниот инцидент се одвива во печатница во индустриското место Дамартен­ан­Гоел во Парискиот регион. Осомничените за терористичкиот напад врз неделникот „Шарли ебдо“, Шериф и Саид Куаши во печатница држат еден човек како заложник.

Во другиот инцидент во Париз двајца терористи држат петмина заложници во супермаркет, додека 20­тина луѓе се блокирани во блиска продавница.

Двајцата терористи, за кои според досегашните сознанија се маж и жена, убија денеска двајца заложници во еврејска продавница на североисток во Париз, објавија француски медиуми.

Новата заложничка драма во Франција се случи откако околу 13 часот кога вооружен напаѓач упадна во продавница во квартот Порт де Венсен и според полицијата држи заложници меѓу кои жени и деца.

Според телевизиски извештаи станува збор за пет до осум заложници кои се киднапирани од маж и жена. Полицијата се сомнева дека напаѓачот врз еврејската продавница во Париз е истиот кој вчера ја уби полицајката во јужно предградие на Париз, а за тоа убиство се трага по една жена и маж.

За тоа злосторство осомничени се Хајат Бумедиен (26) и Амеди Кулибали (32). Човекот, кој држи заложници во супермаркет за кошер производи во Париз, се познавал со Шериф Куаши, еден од двајцата браќа, кои се осомничени за масакрот во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, изјави претставник на полицијата.

Во меѓувреме, 20­тина лица се блокирани во една продавница што се наоѓа до кошер супермаркетот и чекаат инструкции на интервентната единица на француската жандармерија.

Третиот инцидент се случи денеска попладне кога беше евакуиран плоштадот Трокадеро во центарот на Париз по интервенција на полицијата. Подоцна беше соопштено за лажна тревога поради присуство на вооружен маж.

Полцијата нареди да се затворат сите продавници во еврејскиот кварт во Париз, поради стравувања од можни нови напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top