Косово нема зошто да се плаши од Србија, бидејќи таа е „малечка држава со слаба економија“, изјави косовската министерка без ресор Едита Тахири, која е задолжена за дијалогот на Приштина со Белград.
Тахири во изјава за приштинскииот весник „Косово сот“, нагласи дека Приштина е убедена оти ќе ги оствари целите што си ги има поставено во дијалогот со Белград, кој според неа, има проблеми со својата надворешната политика.
Порблемот на Србија е во нејзината надворешна политика. Таа сега е во недоумица и дилема меѓу Москва и Брисел, вели Тахири.
Како приоритет на Приштина во односите со Белград, Тахири го посочи спроведувањето на договорот од Брисел во областа на правосудството и во формирањето на Заедницата на српските општини.
Според Тахири, во договорот од Брисел јасно е посочено дека Заедницата на српските општини ќе биде формирана согласно косовските закони и дека нема да има извршна власт. Некои луѓе можеби имаат некакви илузии, но ви гарантирам дека Заедницата нема да има извршни надлежности, истакна Тахири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


