Актерката Софија Вергара и нејзиниот вереник Џо Манганиело, планираат летна свадба. 42 годишната актерка и модел, која се вери со Манганиело во очи Божик, призна дека сака да се омажи за него што е можно поскоро.
– Двајцата веќе зборуваат за голема летна свадба, откри нивни близок пријател.Тие сакаат бебе, но и за нив е важно прво да се венчаат.
Џо има 38 години и никогаш порано не бил женет, ниту пак има деца.
– Ова се неговите два најголеми желби, кои конечно се обистинуваат.
Софија веќе има еден брак зад себе, од кој има 22 годишен син.
– Џо се разбира одлично со синот на Вергара и ќе биде прекрасен татко. Маноло веќе гледа на него како на татко, споделуваат блиски пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.