| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово ќе формираат локална акциска група

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Претставници од општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово покренаа иницијатива за формирање локална акциска група на територијата на четирите општини, чијашто цел ќе биде да им обезбеди на општините позиционирање во врска со воведувањето на пристапот ЛЕАДЕР  во Република Македонија.

– Со оглед на веќе воспоставената соработка што општините од југоисточниот регион ја одржуваат на повеќе полиња, сметаме дека претстојниот период треба да се искористи за создавање услови за успешен пристап пред надлежното министерство во напорите за регистрација и акредитација на локалната акциска група од територијата на нашите општини – соопштија денеска од Иницијативниот одбор.

Иницијативата за формирање локална акциска група беше покрената од Одделението за локален економски развој на општина Богданци, а прифатена од општините Гевгелија, Дојран и Валандово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top