| четврток, 6 декември 2018 |

Свештеник од ИД се закани со напади во САД и во Велика Британија

 oQ4cGm9iEb8

Свештеник од Исламска држава изјави дека радикалната група е одговорна за нападите врз редакцијата на сатирчниот магазин „Шарли ебдо“ во Париз, јави ДПА.

– Почнавме со акцијата во Франција, за која преземаме одговорност. Утре ќе има во Велика Британија, Америка и на други места – изјави Абу Сад ал Ансари во проповедта во ирачкиот град Мосул, кој е контролиран од ИД.

Тој истакна дека тоа е порака до сите земји кои учествуваат во коалицијата (предводена од САД) која убива членови на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top