| четврток, 6 декември 2018 |

Проектот „Ние сме сами во ова“ на Христина Ивановска и на Јане Чаловски ќе нѐ претставува во Венеција

Ликовните уметници Христина Ивановска и Јане Чаловски се годинашни македонски претставници на Венециското биенале, најголемата ликовна манифестација во светот. Нивниот проект „Ние сите сме сами во ова“ го предложила Националната галерија на Македонија. Куратори ќе бидат Башак Шенова од Турција и Маја Чанкуловска-Михајловска.

„Ние сите сме сами во ова“ на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски, кои соработуваат уште од 2000 година, е мултидициплинарен ликовен зафат кој ја тематизира претставата за вербата, како емотивна и интелектуална состојба, и своевидна современа социо-политичка аномалија.

Проектот, пред сѐ, е истражувачки и создаван во повеќе етапи, и произлегува од силен интерес кон идејата за реактивирање, или пак реанимирање, на нови релации кои произлегуваат од реконтекстуализирање на сликарското дело на анонимниот автор од црквата од XII век „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново (видена како предзнак за идејата на истражувачки центар) во дијалог со современите концепти за истражувачка, концептуална и концепт-базирана уметност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top