Дежурниот педијатриски пункт во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје од денеска почнува да работи.
Во него се ангажирани педијатри од Клиниката за детски болести, Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, Здравствен дом „Скопје“, како и педијатри кои имаат договор со ФЗОМ како приватни здравствени установи.
Пунктот ќе работи секој ден (од понеделник до сабота) од 19.30 до 23 часот, а в недела од 8 до 23 часот.
Од Министерството за здравство соопштуваат дека овој дежурен педијатриски пункт е надополнување на дежурните служби во рамки на Клиниката за детски болести и Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле во Скопје. Во него ќе се вршат амбулантски прегледи на деца кои досега како итни случаи се третирале на универзитетската клиника.
Во функција на педијатрискиот пункт има и дежурна лабораторија, која е особено значајна за воспоставување брза диференцијална дијагностика во педијатријата.
„На тој начин ќе се утврди дали има потреба детето да се упатува на повисоко ниво на здравствена заштита или, пак, конкретната здравствена услуга може да ја обезбеди педијатарот во пунктот. За преглед во педијатрискиот пункт не е потребен упат, а секое дете ќе добие брза и квалитетна здравствена услуга од високостручен кадар во оваа област – лекар-специјалист по педијатрија“, се вели во соопштението од МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Борбата за титулата се разгорува, двајцата тренери најавуваат беспоштедна битка на теренот!
-
Нападнато лице на паркинг на булеварот „Јане Сандански“
-
Одбележан патрониот празник на штипската касарна „Јане Сандански“
-
„Не лекувам деца чии што родители не ги вакцинираат“ словенечка педијатарка не прифаќа одговорност