| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележан патрониот празник на штипската касарна „Јане Сандански“

kasarna

По повод чествувањето на 102-годишнината од смртта на истакнатиот македонски револуционер и војвода Јане Сандански, денеска во штипската касарна, која го носи неговото име, се одржа пригодна свеченост.

Командантот на Втората механизирана пешадиска бригада, потполковник Горан Петрушевски, во своето обраќање пред присутните, говорејќи за животот и делото на Сандански, при што истакна дека се горди што нивен патрон е еден од најголемите броци за самостојна македонска држава. ­

– Неговиот идеал за создавање самостојна, независна, слободна држава на македонскиот народ е наша стварност, но и света обврска да ја сочуваме крваво стекнатата слобода и државност – изјави Петрушевски.

Додаде дека денес единицата претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал, обучен за извршување на борбени задачи во сите услови и во согласност со стандардите на земјите членки на НАТО. ­

– Пред нас се безбедносни предизвици кои од сите нас бараат максимална подготвеност, умешност и патриотски однос кон татковината, истакна Петрушевски.

Во актуелниот момент врвен приоритет на припадниците на АРМ е справувањето со бегалската криза, заштита на државната граница и обезбедување на воени објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top