
Десет денари час ќе чини паркирањето за викенд на паркинзите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Промоцијата на викенд-картата се одржа на 13.3.2013 година (среда), во кафулето „Круг“, под мотото: „Секој петок и сабота паркирај со насмевка“.
Викенд-картата може да се купи на пакомат за 500 денари, а за оние што сакаат да заштедат, можат да ја активираат со М-карта за 400 денари на телефонот 072 251 251 и ќе можат цел месец, секој петок и сабота, да паркираат насекаде во Центар.
ЈП „Паркинзи на општина Центар“ подели десет викенд-карти гратис по случаен избор на присутните на самата промоција, а ги почасти присутните и со кафенце.
Директорката на ЈП „ПОЦ“, Маргарита Бакев, на крајот на промоцијата им посака на сите присутни да уживаат во викендите во Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хуманост на дело во Скопје: Ти пратив порака, ќе ти ставеа „канџа“ (фото)
-
Уште еден скандал: Регулаторна комисија вработува паркирачи на автомобили!
-
Отворена телефонска линија за пријавување непрописно паркирани возила во Центар
-
Генијална идеја: Британци заработуваат од пријавување непрописно паркирање


