| четврток, 6 декември 2018 |

Генијална идеја: Британци заработуваат од пријавување непрописно паркирање

Британците пронајдоа нов начин за борба против возачите кои што непрописно ги паркираат автомобилите, а тоа е апликација која им овозможува на луѓето да ги пријавуваат и притоа да заработат пари. Апликацијата ја изработи компанијата за паркинг услуги UK Car Park Management, која што овозможува корисниците анонимно да ги фотографираат автомобилите и регистрацијата и да ги испратат на компанијата која меѓу другото се грижи за ред на паркинзите на големите трговски центри и синџири за брза храна.

Возачите кои непрорисно се паркирани потоа по пошта ќе добијат казна од 60 британски фунти. Ако не ја платат за 14 дена, ќе казната изнесува 100 фунти. Кога возачот ќе ја плати казната, на тој што го пријавил ќе му биде исплатено 10 фунти.

Додека за едни апликацијата е одлично решение, други се противат.

-Апликацијата не е проблем, туку возачите кои не го почитуваат законот- вели шефот на компанијата.

Тој објаснува дека секоја пријава ќе мине низ контрола, што значи и дека со самото испраќање на фотографијата не значи автоматска казна за возачот. Но британскиот автомото сојуз предупредува на опасност од тој систем.

-Ова е погрешно, ова е рецепт за катастрофа. Апликацијата ќе создаде хаос, а може да предизвика и  судир меѓу возачот и лицето кое бара брз начин за заработка- сметаат од сојузот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top