Никој не сака автомобилот да му биде кренат од пајак служабата или пак да си го најде возилото со блокатор на тркалото заради неплатено или непрописно паркирање. Од вакво нешто денеска се спасил еден возач во главниот град, кој единствено добрината на негов сограѓанин го спасила да не мора да плати казна.
Непознат жител видел дека контролорите тргнале да му ставаат блокатор на автомобилот, попларно познат како „канџа“, па за да го спаси сопственикот на возилото од казна, пратил порака за парирање за возилото.
– Ти пратив порака, ќе ти ставеа канџа. Направи го и ти ова за некој друг некогаш, гласи пораката која му ја оставил на сопственикот на автомобилот.
Фотографијата брзо почна да се шири на социјалните мрежи и предизвика голем број на позитивни коментари за ова дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.