Еден Филипинец денеска почина од срцев удар, а околу 600 луѓе се повредени во верска процесија Црниот Назареец во Манила, која привлече речиси пет милиони верници во главниот град на Филипините, што е вовед во посетата на папата Франциск следната недела.
Заменик-градоначалникот на Манила, Франциско Морено потврди дека еден волонтер на верскиот фестивал починал од срцев удар, а генералниот секретар на Филипинскиот црвен крст, Гвен Панг додаде дека лекарите згрижиле околу 600 луѓе што имале рани, модринки и вртоглавици.
Полицијата соопшти дека речиси пет милиони луѓе се придружиле или го гледале верскиот фестивал при што голем број луѓе се туркаат да ја допрат статуата на црниот Исус. Овој фестивал секоја година се одржува на Филипини.
Папата Франциск ќе претстојува на Филипини од 15 до 19 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


