| четврток, 6 декември 2018 |

Болничар убил 30 пациенти, труел 90

_80142932_oldenburgГермански болничар на кого во Олденбург му се суди за убиство на тројца пациенти, на болничкиот психолог му признал дека му дак преголемо количество лекови на 90 пациенти, од кои околу 30 починале.

Обвинетиот (38) одбил да сведочи пред судот, но се согласил да биде прочитано признанието дадено пред психолог избрасн од одбраната. Тој во признанието истакна дека се срами од своите „неопростливи“ дела.

Полицијата повторно ги разгледува сличаите на 170 починати пациенти во болницата Делменхорст.

Обвинителите тврдат дека мотивот за давање на преголеми дози лекови за срце била желбата на болничарот да создаде кризни ситуации погубни по здравјето на пациентите за да може да ги импресионира другите и да добие благодарност од пациентите поради своите способности да ги спаси од смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top