Потерата по осомничените за терористичкиот напад на сатиричниот „Шарли ебдо“ е продолжена со пукотници и информации дека браќата Шериф и Саид Куаши влегле во печатница во местото Дамартин ен Гоел, каде што држат заложници. Според француските медиуми, денеска се слушнале пукотници во текот на потерата по еден автомобил во кој се претпоставувало дека се осомничените на северот на Франција. Како што јавуваат медиумите, две лица, кои се повредени во престрелката, се однесени в болница.
Речиси 48 часа од нападот на редакцијата на „Шарли ебдо“ осомничените украдоа еден автомобил со кој го продолжија бегството. Според медиумите, возилото е украдено утрината во 8.40 часот во местото Монтања Сен Фелисите, во регионот Оаз, од страна на две лица вооружени со автоматско оружје, кои одговараат на описот на осомничените.
Браќата Куаши, како што јавува радиото „РТЛ“, зеле заложници откако го напуштиле возилото. Се претпоставува дека влегле во една печатница во местото Дамартин ен Гоел, каде што држат заложници. Еден работник од индустриската зона во Дамартин ен Гоел слушнал пукотници.
-Работам во фабриката „Кине Нагел“(Kine Nagel). Слушнав пукотници во два наврата и потоа полицајците веќе беа кај нас. Забрането ни е да бидеме во близина на прозорците и побараа од нас да не ја напуштаме зградата – вели тој.
Министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казнев потврди дека во тек е акција на специјалната единица на жандармеријата во местото Дамартин ен Гоел.
Француските медиуми јавуваат дека две лица се убиени, додека најмалку 20 се ранети. Аеродромот „Шарл де Гол“ ги пренасочлува летовите, две писти се целосно затворени. Полицијата стапила во контакт со терористите и преговорите се во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.