| четврток, 6 декември 2018 |

Жена пријавена зашто оставила скршено стакло на тераса

skrseno staklo

Постара кумановка доби кривична пријава затоа што оставила скршено стакло на терасата, кое паднало и расекло жена што се движела по улица лани во ноември.

СВР Куманово поднесе кривична пријава за В.Н.(68) од Куманово за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

На 28 ноември, лани во Куманово, на плоштад „Маршал Тито“, додека В.Џ.(50) од Куманово поминувала под зградата во која живее пријавената, од силен ветар од терасата паднале две парчиња скршено стакло, кои пријавената претходно ги оставила, нанесувајќи ѝ телесни повреди на В.Џ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top