| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени две лица за убиството на полицајката во Монтруж

pariz

-Истрагата за престрелката во Монтруж на југот Париз, која им е доверена на антитерористичките истражни органи напредува, две лица се уапсени – пренесува дописникот на МИА од Париз.

Полицијата интервенирала во 4 часот изутринава во Грињи и уапсените се членови од семејството за главнообвинетиот во престрелката во која беше убиена невооружена општинска полицајка, која интервенирала при сообраќајна несреќа.

При претресот на нивниот дом, полицијата пронашла елементи кои потврдуваат поврзаност со осомничениот, кој се уште е во бегство. Се разботи за пропаганда со исламистички карактер. Двете уапсени лица се родителите на осомничениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top