Тимот на Манчестер јунајтед објави дека потпишал договор на 18 месеци со шпанскиот голман Виктор Валдес.
Триесетгодишниот Валдес целата кариера ја помина во каталонскиот клуб Барселона, со кого ги освои сите титули.
– Голема чест е да потпишете за Манчестер јунајтед. Би сакал да му се заблагодарам на менаџерот Луј ван Гал, кој ми дозволи да тренирам и да се опоравам од повредата – изјави Валдес.
Валдес, кој десет години ја чуваше мрежата на каталонскиот клуб, по повредата остана без нов договор, во меѓувреме тренираше со Монако, со кој и потпиша договор, а последните неколку месеци ги помина на „Олд трафорд“.
– Кратко сум тука, но веќе имав шанса да видам за колку голем клуб станува збор. Работев со менаџерот во Барселона, а тоа што повторно работам со него тука е остварување на сонот. Ќе морам да дадам сѐ од себе за да изборам место пред најдобриот голман во светот Давид де Геа – додаде Валдес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.