Косовската полиција минатата година поднела 13 кривични пријави за 132 лица осомничени за тероризам.
– Во 11 акции реализирани низ целата теритоија на државата конторлирани се 98 локации. Во овие акции, но и други случаи, уапсени се 78 лица осомничени за тероризам, потврдил висок полициски функционер за весникот „Трибуна“.
Според истиот извор полицијата успеала да спречи заминување за боиштата во Сирија и во Ирак на голем број косовски граѓани.
Од друга страна вршителот на должноста државен обвинител Суле Хоџа изјавил дека Државното обвинителство направило се да се бори против оваа појава и дека тоа и понатаму останува приоритет во работата на оваа инситуција.
– Врз основа на координациите и активностите на обвинителството и полицијата, специјалното обвинителство на Косово спроведе истрага за 132 лица осомничени за тероризам. Уапсени се десетици осомничени, а на 36 им е одредена мерка притвор – изјави Хоџа.
На вечрашната попладневна средба на претседателката Атифере Јахјага со претседателот на Парламентот Кадри Весели било разговарано за забрзувањето на постапката за донесување закон за спречување косовски граѓани да учествуваат во туѓи војни.
Неодамна косовската тајна служба добила информации дека најмалку десет косовски џихадисти се подготвиувале за терористички напади во Косово.
Инаку, од Косово на боиштата во Сирија и во Ирак неофицијално војуваат околу 300 лица, а се убиени деваесет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



