| четврток, 6 декември 2018 |

Втора ноќ бдеење, исклучена Ајфеловата кула (фото)

ajfel123Француското обележје Ајфеловата кула вечерва на кусо беше во темнината. Во 20 часот беше исклучено осветлувањето, симболичен гест во знак на жалост по терористичкиот напад во градот на светлината. Во меѓувреме, илјадници луѓе се собраа на плоштадот Република на бдеење оваа втора ноќ по терористичкиот акт.

Претходно едноминутен молк се одржа во Париз, откако ѕвоното на катедралата НотрДам биеше во спомен на убиените во Шарли Ебдо. Во молкот се придружи целиот свет, луѓето се солидаризираат, шокирани од злосторството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top