Лондонскиот „Дејли меил“ објави слика од канцеларијата на „Шарли ебдо“ по масакрот. Весникот објави и фотографија од целата редакција на која се обележани и жртвите од ладнокрвниот терористички акт во Париз што го потресе светот.
Во меѓувреме, француската полиција ги опколи Шериф и Саид Куаши, ладнокрвните убијци на 12 луѓе, меѓу кои и водечките француски карикатуристи и двајца полицајци во предградието на Париз.
Според пишувањето на „Дејли меил“, француската полиција вечерва почнала да го пребарува теренот кај големата пештера длабока неколку стотина метри. На подрачјето на шумата во која, наводно, побегнале браќата Кауши се наоѓа рударско окно и постои можност дека токму таму се имаат сокриено од илјадниците полициски сили што трагаат по нив.
Опсадата на Париз и понатаму е во сила, а се претпоставува дека повеќе од 100.000 полицајци, но и војници се фокусирани на пронаоѓањето на терористите. Проблем за потрагата во шумата североисточно од Париз каде што се кријат извршителите на убиството, е тешко проодниот терен. Полицијата претходно вршеше проверки од куќа на куќа пред влезот во шумата, а во текот на целиот ден припадници на полицијата вооружени до заби ги чуваа сите јавни објекти во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.