| четврток, 6 декември 2018 |

Салман Ружди: Религијата, реална закана за нашите слободи

salman ruzdiБританскиот писател од индиско потекло Салман Ружди го осуди нападот врз редакцијата на неделникот „Шарли ебдо“, во кој загинаа 12 лица, предупреудвајќи на опасноста од религиски тоталитаризам.
– Религијата, од типот на средновековната форма на безумие, кога се комбинира со современото вооружување станува реална закана за нашите слободи, напиша тој во соопштение објавено на сајтот на британскиот ПЕН центар.
Овој релгиски тоталитариам, како што оцени, предизвика смртоносни мутации во срцето на исламот, чии трагични последици се гледаат денеска во Париз.
Руджи наведе дека стои зад „Шарли ебдо“, како што „сите мораме да застанеме во одбрана на сатирата, која отсекогаш била сила на слобода, а против тиранијата, недостоинственоста и глупавоста“.
Почитувањето на религијата, според него, станало второ име за „стравот од религијата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top