| четврток, 6 декември 2018 |

Остра осуда за нападот врз Шарли ебдо од Турција

20140108-PARIS-slide-V9VP-videoSixteenByNine540Шефот на Дирекцијата за религиозни прашања во Турција, Мехмет Ѓурмез остро го осуди нападот врз францускиот сатиричен весник Шарли ебдо во Париз, во кој беа убиени 12 луѓе.
– Упатувам длабоко сочувство. Силно го осудувам нападот и ја споделувам болката на францускиот народ. Како муслимани ние не можеме никогаш да одобруваме акти на тероризам или дуг вид насилство, изјави Ѓурмез на прес конференција.
Тој нагласи дека нападот бил извршен не само врз Франција, Европа или Западот, туку врз сите луѓе во светот кои го почитуваат мирот.
– Ниту една религија не наредува убивање луѓе. Напротив религиите го почитуваат правото на живот, изјави тој ид одаде дека извршителите на нападот во Париз извршиле и злоупотреба на името на Алах. Ѓурмез упати и повик до интелектуалци, научници и различни меѓународни организации во светот да работат заеднички за постигнување мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top