Здружението на новинарите на Македонија ја осудува вчерашната егзекуција на новинарите од францускиот „Шарли ебдо“ од Париз.
Во овие тажни моменти им изразуваме сочувство на семејствата на настраданите и се солидаризираме со целиот француски народ.
Овој кукавички чин не е само напад врз слободата на медиумите, туку е напад и врз цивилизациските вредности на слободниот свет.
Насилството во никој случај не смее да се толерира, а злосторниците мора најостро да се казнуваат.
Екстремистите и терористите мора да се поразат во име на слободата, мирот и разбирањето меѓу цивилизациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.