| четврток, 6 декември 2018 |

Медицински брат убил 30 пациенти

spric

Медицински брат во Германија признал дека убил 30 пациенти во болницата во која работел, јавија локални медиуми, а пренесува британскиот „Скај њуз“.

Како што се наведува, нему ќе му се суди во градот Олденбург на северот на Германија. Тужбата се однесува на убиство на тројца и обид за убиство на уште две лица.

Судскиот вештак на судењето изјавил дека медицинскиот брат признал дека предизвикал смрт на триесетина луѓе. Уште 60 лица преживеале откако, наводно, им дал поголема доза лек за срце, за да може да ги оживее, сведочел вештакот.

Се верува дека убиствата биле мотивирани од желба медицинскиот брат да покаже способност да ги оживее пациентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top