| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини не се шегува, Џердан Шаќири се сели во Милано

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири одби одлична финанска понуда од Ливерпул и одлучи да се пресели во Милано во редовите на Интер.
Медиумите од Италија известуваат дека Баерн Минхен и Интер веќе се договориле, Шаќири се сели прво како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа неговиот договор ќе биде откупен за 15 милиони евра.
Годишната плата која ја прифатил фудбалерот ќе изнесува 2,75 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси и премии, а тој ќе се обврзе на верност до 2019 година. Шаќири отсуствувал од утринскиот тренинг на баварскиот гигант, со што ги потврди шпекулациите дека договорот е веќе постигнат.
Тренерот на Интер, Роберто Манчини, значително го засилува тимот и има цел да го врати на шампионските патеки од пред неколку години, кога успеа да освои неколку шампионати на Италија.
По доаѓањето на Подолски, сега и на Шаќири, Манчини сака да го засили и последниот ред во одбраната. Нова цел на италијанскиот стратег е Лукаш Леива од Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top