| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите од Париз сѐ уште во бегство: ограбиле бензинска и киднапирале човек

francija benziskaДвајцата осомничени напаѓачи биле забележани во северниот дел на Франција, каде што ограбиле бензинска и киднапирале човек.

Бегалците по кои трага цела Франција по вчерашниот масакр во магазинот „Шарли ебдо“ се превезувале во сиво „рено клио“ кое го користеле при грабежот на бензинската во северниот дел на земјата. Се верува дека оттаму украле храна и гориво.

france_748404S1

Се претпоставува дека при бегството го киднапирале и вработениот на бензиската, по што најверојатно се упатиле кон Париз. Според локалната телевизија БМФТВ, полицијата ги блокирала сите главни приоди кон градот. Сомневањата се дека бегалците се движат кон западниот дел на Париз.

Според француските медиуми, на бензинската во местото Вилерс-Котерет, каде што биле забележани осомничените, се слушнале и истрели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top