Најпосакуваниот слободен тренер во светот Жозеп Гвардиола признава дека тоа што не го сторил како играч, да настапува на островот, сака да го направи како тренер. Во прилогот кој е лиферуван како дел од прославата на 150-годишнината на Фудбалската асоцијација на Англија, трофејниот стратег им даде право на Челзи, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед кои подолго време се обидуваат да го ангажираат
–Како фудбалер не можев да си го остварам сонот, да заиграм во Англија, но се надевам дека како тренер ќе имам шанса да се соочам со предизвикот да водам англиски тим. Премиер лигата е уникатна по многу нешта. Сакам да ја почувствувам поддршката на навивачите, начинот на игра и се друго што го карактеризира англискиот фудбал. Во Италија и Шпанија приврзаниците стојат зад тимот само кога победува, но ако изгуби, се подготвени да те убијат. Во Англија навивачите ги поддржуваат своите миленици до крај – изјави Гвардиола за ФА.
Според непотврдените информации Роман Абрамовиќ е подготвен да го донесе Гвардиола на клупата на Челзи за сума од 22 милиони евра годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“