Напади врз неколку муслимански култни места во три француски града се извршени од синоќа откако вчера во крвав напад врз сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз беа убиени 12 лица.
Три гранати се фрлени врз џамија во градот Ман во западна Франција, два пати било пукано врз муслиманска молитвена сала во Пор ла Нувел, во јужна Франција, додека експлозија со криминален карактер одекна пред арапски ресторан во близина на џамија во Лион, во источниот дел на земјата.
Францускиот минстер за внатрешни работи, Бернар Казенев, ги повика медиумите да покажат воздржаност по вчерашниот крвав напад во Париз, јави ДПА.
Според Казенев, некои од вестите во медиумите биле неточни и повика за контрола на објавените информации и самоконтрола за да им се овозможи на оние што се во први редови во борбата против криминалот и тероризмот да ги завршат своите истраги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


