Во рамките од првото коло од втората фаза во кошаркарскиот Еврокуп турскиот преставник Банвит славеше на гостувањето во Подгорица против Будуќност со 74-68.
Резултатот остана во сенка на големиот ицидент што се случи на две минути до крајот на натпреварот. Еден неодговорен навивач на Црногорците влета во терен со намера да физички да се пресмета со Доминиканецот во редовите на Банвит Семи Мехија. Во одбрана на својот соиграч застана Американецот со бугарски пасош Роуленд, кој, буквално, го нокаутираше навивачот.
Инцидентот продолжи и во следните триесетина секунди, по што страстите, конечно, беа смирени и беа создадени услови мечот да се доигра.
По инцидентот Мехија и Роуленд беа исклучени, а пред да заминат за Турција ќе мора да појдат до полициска станица каде што ќе мора да дадат изјава за овие немили случувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



