| четврток, 6 декември 2018 |

399 поплаки за градите на Рита Ора (ВИДЕО)

ritaora-712014-625vvc

Пејачката од Косово, Рита Ора ќе биде нов член во жирито на британската верзија на музичкото шоу „Гласот“ (The Voice). По тој повод таа, заедно со колегите од црвените судиски столчиња, сер Том Џонс, раперот Вил Ај Ем и Рики Вилсон, лидерот на „Кајзер чифс“, гостуваше во програма на „Би-Би-Си“ во ударно време.

Облечена во бело сако, без градник, Ора ги разгневи Британците, па во националната телевизиска куќа пристигнале 399 поплаки за нејзиното непристојно длабоко деколте.

– Дали овие „паднати гради“ се пристојни за овој телевизиски термин? Среќа што мојот седумгодишен син не е пред телевизор во моментот. Дај, „Би-Би-Си“, облечете ја! – пишува во една од поплаките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top