
Општинската полицајка, која изутринава беше тешко повредена во престрелката во Монтруж на југот Париз, починала, јавија повеќе француски медиуми, кои се повикуваат на полициски извори, јави дописникот на МИА од Париз.
Градоначалникот на Монтруж за Радио Европа 1 изјави дека полицајката и техничкото лице, кое, исто така, е рането во престрелката, интервенирале при сообраќајна несреќа во моментот на нападот.
– Еден автомобил запре и почна да стрела. Едно техничко лице скокна врз напаѓачот или напаѓачите – изјави Жан-Лу Метон.
Засега овој напад не се поврзува со вчерашниот врз „Шарли ебдо“, извршителот на нападот е во бегство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицајката која истера бездомник од ресторан, разлути многумина (видео)
-
Трајановски: ЈО да утврди дали има прикривање на физичко насилство врз полицијаката
-
Функционер на ДУИ нападнал полицајка кај Мавровка – сакале да му го кренат џипот со пајак
-
Полицајка се сликала топлес додека е на должност (+18)


