Група од 50 напаѓачи со камења и други предмети изврши напад врз седиштето на грчката десничарска радикална партија Златна зора во главниот град Атина, јави „Ал Џазира Балкан“.
Зад нападот стои група што се претставува како противници на власта. Во нападот е предизвикана голема материјална штета на седиштето на Златна зора и на многубројни возила паркирани во близина.
Според првичните информации, во нападот нема повредени.
По нападот групата успеала да избега, но во полициска операција се уапсени околу 30 напаѓачи.
Радикалната партија Златна зора добива сѐ поголема популарност откако грчката влада почна со спроведување остри мерки за штедење неопходни за излез од економската криза.
Златна зора има вкупно 18 пратеници во грчкиот парламент, од кои шест го загубија пратеничкиот имунитет и се наоѓаат во затвор за разни пресуди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.