| четврток, 6 декември 2018 |

Кај “клунот” или кај “опашката” – Кое е најбезбедното место во авионот?

Авионскиот транспорт се смета за една од најбезбедните методи за патување. Но, несреќи сепак понекогаш се случуваат, а местото на коешто седите и тоа како може да ги зголеми шансите за истата да ја преживеете.

Магазинот „Time“ направил детална анализа на 17 авионски несреќи коишто се случиле во последните 30 години, и тоа се’ со цел да откријат кои се најбезбедните места во еден авион. Изненадувачки, како најбезбедно место во авионот се покажал средишниот ред во “опашката” на “лимената птица”.

– Средишниот дел на авионите низ историјата се покажал како најфатален за патниците. Смртноста во предниот дел на авионот изнесува 44 отсто во однос на задниот дел на авионот кадешто таа изнесува 28 отсто, истакнуваат во споменатиот магазин. Всушност, средишниот ред во задниот дел на авионот се смета за најбезбеден дел од авионот, се вели во анализата на 17-те авионски несреќи од последните 30 години.

Освен тоа, за безбедни се сметаат и двата реда коишто се најблиску до излезите, во случај на опасност, со оглед на тоа дека патниците коишто се на овие места имаат можност за најбрзо да излезат од авионот.

Секако, секогаш треба да се почитуваат и протоколите за безбедност во авионот, а тоа значи да се врзува безбедносниот појас каде и да се седи. Магазинот потенцира и дека споменатите места не секогаш спречуваат повреди и смртност, туку се покажале како “најсреќни” во последните три децении кога станува збор за авионските несреќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top