
Кривичниот суд во саботата повторно го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за замрзнување на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Од СЈО за повеќе медиуми потврдиле дека пристигнало известување според кое барањето за случајот „Талир“ се одбива.
Првото барање за замрзнување на имот на партијата веднаш по отворањето на случајот беше одбиено бидејќи, според образложението од судот, немало доставено транскрипт поврзан со случајот и немало докази дека има кривично дело врз база на јавни набавки.
Овојпат, според информациите од СЈО, судот одбивањето на барањето го образложил со тоа дека „се работи за договори за градежни работи, а не и докази дека се врши донација од Бетон“ и дека немало докази за имот стекнат со кривично дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


