
Триесет и петгодишниот Х.К. од Дебар рано утрово бил избоден со нож во казиното „Астра“ во градот. Инцидентот се случил еден час по полноќ, на улицата „8 Септември“.
Во казиното настанала расправија меѓу Х.К. и неговиот сограѓанин, четиресет и четиригодишниот Р.Т. Како што информираат од полицијата, Р.Т. извадил џебно ноже и неколку пати го прободел Х.К. во градите и во стомакот. Повредениот бил префрлен в болница, а полицијата го привела напаѓачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


