| четврток, 6 декември 2018 |

Вал Гардена -­ мека за љубителите на скијањето

­ Италијанската Вал Гардена е најдобриот скијачки центар во Јужен Тирол, патеките се протегаат на неверојатни 176 километри и се најдолгите скијачки пакети во комплексот Доломита.

Доколку сте вистински љубител на скијањето, оваа зимска дестинација е неизбежна бидејќи ски-патеките се одлично поврзани, а меѓу нив се наоѓа и Алта Бада, така што целата должина на патеките надминува 500 километри.

Центарот има десетина патеки – за почетници, патеки за искусни скијачи, за слалом, пакети за професионалци. Таа патека се смета за една од најтешките во Светскиот куп и се вбројува во еден од класиците во тој елитен натпревар.

На нивното одржување работат голем број луѓе и оние кои ги подготуваат следното утро за да ги пречекаат многубројните туристи. Освен многубројните патеки, во овој ски-центар има и многу жичници поради што нема долги чекања за превоз. Во тој дел на Италија ниту снегот не е проблем бидејќи го има во текот на сите зимски месеци и иклучиво е наменет за скијачите.

Цените на сместувањето за време на Светскиот куп се високи, но сепак седумдневен престој може да се најде по цена од 250 евра. Ски-картата е мошне скапа и во зависност од термиот може да чини од 150 до 250 евра.

Доколку сакате добро да јадете, тука се многубројните ресторани со специјалитети од италијанската кујна, но и друга храна подготвена по европски вкус. Ручек чини од 50 евра, па нагоре.

Вал Гардена е сочинет од три места: Кастелрото, Алепе де Сиузи и Фие ал Скилиар. Вал Гардена во 1970 година беше домаќин на Светското првенство во алпско скијање, а освен по тој спорт позната е и по уметничкото лизгање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top