| четврток, 6 декември 2018 |

Систем за вештачки снег на Пелистер и реконструкција на „Молика“

На денешната седница за пратенички прашања беше отворена и темата околу скијачкиот центар Копанки на Пелистер. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека досега се завршени активностите околу жичарницата и ски лифтот и оти е предвидена и изградба за производство на вештачки снег за заснежување на скијачките патеки во вкупна должина од 1.250 метри.

– Изградбата на системот предвидува да биде реализирана со инвестиција во износ од околу милион евра. Рокот за реализација почнува годинава, а завршува 2017 година. Во тек е тендерска постапка за изработка на проект за изградба на отворени базени на вода потребни за производство на ветачкиот снег по што ќе следи изградбата и набавката на целокупната опрема потребна за производство на снегот, појасни Пешевски.

Тој додаде дека е планирано и целосно реновирање на хотелот Молика каде ќе бидат воведени и нови содржини за гостите како што се спа центар и катче за најмладите. Планираната инвестција е околу три милиони евра, а рокот на реализација од 2015 до 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top