Најмалку 11 лица се убиени и петмина повредени во денешниот напад изведен во редакцијата на францускиот неделник „Хебдо“. Двајца од убиените се полицајци. Претпладнево околу 11 часот, две или три маскирани лица тешко вооружени со калашников и ракетен фрлач, влегоа во седиштето на весникот, каде откако зеле дел од вработените во заложништво, тие отвориле оган врз присутните.
По нивниот напад тие побегнале со автомобил, а по потерата од полицијата тие го промениле автомобилот со друг од марката Рено Клио на Порт де Пантан, што зборува дека нивниот нападот бил подготвен.
Полицијата засега им ја изгуби трагата на напаѓачите. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. На самото место се наоѓа министерот за внатрешни работи и министерот за култура, а пристигна и претседателот Франсоа Оланд.
Сведоци на настанот велат дека напаѓачите не зборувале добар французки јазик и дека ги знаеле имињата на вработените, што е потврда дека напаѓачите го имале планирано нападот.
Француските власти го подигнаа антитерористичкиот план на највисокото ниво во Париз и парискиот регион. Весникот Шарли Хебдо се наоѓаше под полициска заштита бидејќи има добиено повеќе закани поради својот остар сатиричен тон. Пред извесно време беше опожарен и влезот на нивната зграда. Неделникот стана познат по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


