| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ќе продолжи во мисијата на НАТО за одбрана на Турција

turcija natoГерманската Влада соопшти дека планира да го продолжи за уште една година своето учество во воената мисија на НАТО за противвоздушна одбрана на Турција, во чии рамки се распоредени противракетни системи „Патриот“ долж турско-сириската граница.

Владата на германската канцеларка Ангела Меркел ги одобри денеска плановите за продолжување на учеството на Германија во мисијата до 31 јануари 2016 година со максимум 400 војници. Моментно се ангажирани околу 240 германски војници.

Оваа одлука треба да биде одобрена од Парламентот.

Германија, Холандија и САД се вклучија во јануари 2013 година со по две батерии од системот „Патриот“ во напорите за заштита на турската граница. Германиските власти соопштија дека Холандија веројатно ќе ги повлече своите батерии до крајот на месецов, но се очекува Шпанија да се вклучи со една.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top