| четврток, 6 декември 2018 |

Морбидна реклама: Со голи раце можете брзо да паднете на колена (ФОТО)

468964-original1-0ma2t

Продавница за оружје од градот Високе мито во централна Чешка, во својата реклама користи фотографии од егзекуцијата на британскиот хуманитарец Дејвид Хејнс од страна на терористичката група Исламска држава (ИД).

Рекламата за пушки, објавена во специјализирано списание прикажува фотографија од погубувањето на Хејнс, од видеото кое минатата година го објавија џихадистите од ИД.

Под фотографијата каде Британецот клечи пред својот егзекутор пишува: „Со голи раце можете брзо да паднете на колена” и информација дека продавницата нуди најголем број на калашникови во „христијанска Европа”.

Нарачателот на рекламата и претставник на компанијата која го издава весникот, Мартин Рудолф за Чешкото радио изјави дека рекламата имала за цел да ги „забавува луѓето со нешто што е медиумски интересно”.

Надлежните за регулирање на трговијата во земјата испитуваат дали постои прекршување на законските норми и доколку се докаже, на компанијата и се заканува парична казна до 80.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top