Секоја песна е посебно одбрана, секој стих е посветен на нешто нивно, заедничко. Албумот „Незаборав“, кој Наум и Зуица го подготвувале пет години, за нив значи спас од заборав на тие песни што заслужуваат да бидат незаборавни.
– „Незаборав“ значи многу, самата идеја – незаборав, е да не се заборави македонската музика, македонската песна, да не се заборават нашите родители, некои веќе починати, поради кои е направен овој проект – вели Петрески.
– Има многу причини за изборот на песните, секоја песна е приказна за себе и за секоја од нив сме емотивно врзани. На пример „Не оди Доне, Донке“ е еден потсетник за моите родители, кои се починати, мојата мајка се викаше Македонка, ќерката ни се вика Македонка, така што ни е посебно драга и затоа се најде на прво место при изборот на песни – дополнува Зуица.
Новогодишните празници за ова музичко семејство најчесто значат работа, но Божик е време за семејството.
– За нас божикните празници се најубавиот дел од годината, посебно за нашата фамилија, новогодишните не ги сметам бидејќи тие се за нас работни, но божикните значат одмор, фамилијарно дружење, поминување повеќе време заедно, а тука се и нашите семејни веселби – вели Зуица
– Како и секоја година за божикните празници, се знае – Струга, секоја година сум таму, од 1 до 14 јануари во мојот роден град – вели Наум.
Ќерките од првиот брак на Наум, Анастасија, која веќе е познато име на македонската фолк-сцена, и Тања, која има друга професија, но и одличен глас, кој го покажа токму во емисијата на Зуица, „Зајди, зајди“, не се единствените што го наследија пејачкиот талент на Петрески.
– За Македонка, како мајка нема многу да зборувам, меѓутоа како професионалец ќе кажам дека таа си го има тоа што е потребно како генетика, како ќе се развива, ќе видиме понатаму. Стефан, исто така, е одличен пејач уште на мали години, но јас, сепак, би сакала песната да им е задоволство, а не професија. Мислам дека нашите деца се многу нормални и добро воспитани бидејќи и јас и Наум цврсто стоиме на земја бидејќи во оваа Македонија, во суштина, нема место за издигнување големи ѕвезди, па дури и да сме најголеми на светот, кога се децата во прашање треба да бидеме само родители – вели Зуица.
Ловџиската страст во крвта
– Татко ми беше ловџија и претседател на ловџискиот сојуз. Кај мене не е тоа вчерашна традиција, туку е отсекогаш. Мене повеќе ми е за дружбата и за шетањето низ природа, не сум некој што би пукал на сѐ. Имам многу ловџиски приказни, еве сега пред неколку недели уловив убав машки фазан. Мајка ми е експерт во кујната и знае најдобро да подготви дивеч – вели Петрески, за чиишто ловџиски авантури често се пишува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Наум Петрески исчезна кај Сиднеј: Невреме ја однело јахтата во непознат правец, потрагата е во тек (галерија)
-
Божикната пиеса „Новиот цар“ од Томислав Османли објавена во пресрет на Божик
-
Подгответе се навреме: За Бадник и Божик треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале
-
Славењето Божик во Северна Кореја е опасно по живот





