| четврток, 6 декември 2018 |

Интер го сопре походот на Јувентус во дербито на Италија

Интер го сопре походот кон нова титула на Јувентус во дербито на Италија. Мечот заврши нерешено 1-1, со по еден гол во двете полувремиња.

Поведе Јувентус со голот на Тевез, а домаќините беа поактивни во првиот дел, но не успеаја да постигнат нов погодок за посигурно продолжение од мечот.

juve

Во вториот дел Интер воспостави рамнотежа, а гостите од Милано ја крунисаа подобрата игра со погодокот на Икарди. Во финишот црвен картон заработи Ковачиќ, но Интер се одбрани и освои значаен бод во најголемото дерби во Италија.

Јувентус остана лидер со 40 бода, само еден повеќе од Рома. Интер е на делба на 11. позиција со 22 бода заедно со Удинезе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top