| четврток, 6 декември 2018 |

Милан непријатно изненаден на „Сан Сиро“, Наполи рутински до трите бода (видео)

AC Milan vs US Sassuolo Calcio

Екипата на Милан во првиот натпревар во 2015 година загуби на домашен терен во продолжението од првенството во Италија од незгодиниот тим на Сасуоло со 1-2.
Желбата за пласман на третото место на табелата на крајот од сезоната кое води во Лигата на шампионите е се подалеку и се чини и втора година по ред избраниците на Пипо Инзаги нема да успеат да се изборат на пласман во една од лигите во Европа.

Поли добро го отвори натпреварот за „Росонерите“ во деваттата минута кога топката се одби до него по еден неуспешен обид на Ел Шарави. Тој прецизно стрелаше во мрежата на гостите и најави добар натпревар и освојување на трите бода кои многу им значат.
Сепак гостите не дојдоа со бело знаме во Милано и по 28 минути игра Сансоне одлично реагираше по една нафрлена топка во казнетиот простор од страна на Берарди за измранување на резултатот.
Во вториот дел Милан ја имаше иницијативата но, овојпат Заза беше стрелец на голот за Сасуоло со волеј-удар за големите три бода, повторно на додавање на најдобриот играч на овој натпревар за Сасуоло Берарди од корнер.


AC Milan vs Sassuolo 1-2 All Goals & Highlights by enteritament

Наполи беше суперирорен на гостувањето кај Чезена победувајќи убедливо со 4-1. Двоен стрелец беше аргентинскиот ас Игуаин во 41 и 72 минута од натпреварот, а Калјехон и Хамшик го комлетираа квартетот голови во 29 и 64 минута. Единствениот гол за домаќините беше дело на Бриенца во 75 минута откако натпреварот веќе беше решен.


Cesena vs Napoli 2015 1-4 All Goals and… by enteritament

РЕЗУЛТАТИ 17.КОЛО СЕРИЈА А:

Палермо – Калјари 5-0, Џенова – Аталанта 2-2, Киево – Торино 0-0, Парма – Фиорентина 1-0
Емполи – Верона 0-0, Милан – Сасуоло 1-2, Удинезе – Рома 0-1, Чезена – Наполи 1-4.

Вечерва се игра дербито на Италија меѓу екипите на Јувентус и Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top