Двајца разбојници го нападнале и му украле два мобилни телефони, откако не им дозволил да сечат дрва во близина на бунарите.
Го нападнале удрирајќи го со тупаници во главата. Повредениот педесет и тригодишен чувар бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му се констатирани тешки телени повреди, по што истиот е препратен во Клинички центар Скопје.
Штипската полиција привела 16 годишно лице од Штип за кое постојат сомненија дека е можен сторител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.