| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид се создава традиција-Бадникова поворка низ градот

Околу 300 деца носејќи ја пештерата на раце, фенери,ѕвезди и торбички за дарови со песната Вечниот Бог го навестија раѓањето на Исус Христос. Свечената поворка започна од Црквата Свети Ѓорѓија и продолжи до градскито плоштад покрај пештерата која за оваа пригода специјално ја подготвија монахињите на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ од Рајчица, каде на најмладите им беа подарени бадникови пакетчиња.

Целта на овој настан е е повторно заживување на некогашната стара, изворна, духовна традиција за прослава на празникот, Бадник.

Во храмот “Успение на пресвета Богородица“- Каменско, на децата им беа поделени крстови со благослов.

“Свечената Бадникова поворка за навестување на Христовото раѓање”,која по втор пат се одржува во Охрид заврши со заедничка молитва и Бадников ручек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top