
Турската полиција соопшти дека еден полицаец загина, а еден е повреден денеска кога жена го активирала експлозивот што го носела пред полициска станица во центарот на Истанбул.
Нападот се случил во туристички дел на градот каде што се Сината Џамија и црквата Аја Софија.
Полицијата соопшти дека жената го активирала експлозивот на контролен пункт пред станицата каде што била запрена од стражарите. Напаѓачката зборувала на англиски јазик и им рекла на стражарите дека го заборавила паричникот во станицата. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма во Франција: Жена со бомба се заканува дека ќе разнесе банка во Ним
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза


