
Концертот „Божик – слава” ќе се одржи на Божик, 7 јануари, во градската соборна црква „Рождество на Пресвета Богородица” (спроти МАНУ), со почеток од 19.30 часот, а заедно со женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска” ќе настапат и детскиот хор „Херувини”, како и машкиот византиски хор „Хармосини”.
За женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“, по големите успеси на Светските хорски игри во Рига, Летонија, во текот на 2014 година, ова е само уште една алка во низата настапи на повеќе свечени литургии, фестивали и други хорски манифестации, со кои ја остварува мисијата на амбасадор на црковно пеење, како во Македонија така и во странство.
Хорот „Света Злата Мегленска“ е составен од 20 женски вокали, од кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Иако волонтери според ангажманот, тие со својот професионален однос придонесуваат за афирмација на македонската културна традиција, како и за популаризација на хорското црковно пеење на автентичен начин и со висок квалитет.
Концертот „Божик – слава“ е во рамки на манифестацијата „Божикни свечености“ и традиционално се одржува секоја година со благослов на архепископот охридски и македонски г.г. Стефан, под покровителство на г-ѓа Маја Иванова, сопруга на претседателот Ѓорге Иванов, и Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Златен медал за женскиот младински хор на КУД „Стив Наумов“ во Молдавија
-
Хорот „Драган Шуплевски“ при ФМУ на два меѓународни фестивали
-
Се раѓа новиот „Александров“ – пријавата содржи само една реченица која ќе ве расплаче
-
Традиционален божикен концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во црквата „Пресвета Богородица“


