
После авионската несреќа во која на 25 декември 2016 година меѓу 92 загинати лица, беа и 64 лица од славниот ансамбл Александров, во четврток почнува конкурсот за прием на нови членови, на местото на настраданите пејачи и играчи.

Пријавата за учество на конкурсот меѓутоа не е обична. Во неа не мора да се наведе биографијата на кандидатите. Во неа нема желби или наведување на лични квалитети или услови под кои некој би сакал да заснива работен однос. Во пријавата стои само една рченица, под која е потребно да се стави потпис.
А реченицата гласи:

-Ве молам да ми дозволите да учествувам во конкурсот за испразнето место за пејач/танчер во хорот.
И тоа е тоа. Секој кој мисли дека има квалитет за пеење или танц може да се пријави. Нема никакви дополнителни услови, доволна е желба да се продолжи таму каде што се застанало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


