Меѓународната заедница повеќе не е во состојба превентивно да влијае врз конфликтите, што доведе до најголемите бегалски кризи по Втората светска војна, изјави денеска во Анкара високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Антонио Гутереш.
– Нема ефективно водство и нема капацитети за превенција на судирите, кои некогаш постоеја – предупреди првиот човек на УНХЦР во својот говор на дипломатскиот собир во главниот град на Турција.
Тој укажа дека судирите во Сирија и Ирак принудиле над 13 милиони лица да ги напуштат своите домови, што е најлоша криза од 40-те години на минатиот век, додека ситуацијата постојано се влошува и во Јужен Судан, Либија и Чад.
– Непредвидливоста и неказнивоста станаа правила на игра во денешниот свет, новите конфликти се множат, а старите не се решаваат – предупреди Гутереш.
Шефот на УНХЦР процени дека вкупниот број на раселени лица на планетата надминал 50 милиони, нешто што не е забележано во изминатите седумдесет години.
Турција го повика Гутереш на годишен состанок на своите амбасадори во Анкара поради тоа што е тешко погодена од конфликтот во соседните Сирија и Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Криза во Шпанија: Каталонија ќе оди на референдум
-
За неа нема веќе шеќер во исхраната: Четири замени за чоколадото, гумените бомбони и слатките
-
Ја чувствуваат кризата – градежниците не се охрабруваат да почнат нови инвестиции